Трговскиот центар Скопје Сити мол во среда навечер свечено ќе биде отворен и ќе биде одбележан стартот на неговата работа. Инвестицијата е вредна околу 70 милиони евра и ќе овозможи над 2.000 вработувања. Трговскиот центар се простира на 90.000 метри квадратни, а се најавува дека во неговата понуда ќе бидат присутни 150 познати брендови. Предвидено е настанот да се одржи во холот на трговскиот центар, на кој ќе присуствуваат Зоран Антиќ, Главен извршен директор на ФЕШН ГРУП, Самир Мане, Главен извршен директор на БАЛФИН, премиерот Никола Груевски, Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и Стевчо Јакимовски, Градоначалник на Општина Карпош.
Трговскиот центар Скопје Сити мол во среда навечер свечено ќе биде отворен и ќе биде одбележан стартот на неговата работа.
Инвестицијата е вредна околу 70 милиони евра и ќе овозможи над 2.000 вработувања. Трговскиот центар се простира на 90.000 метри квадратни, а се најавува дека во неговата понуда ќе бидат присутни 150 познати брендови.
Предвидено е настанот да се одржи во холот на трговскиот центар, на кој ќе присуствуваат Зоран Антиќ, Главен извршен директор на ФЕШН ГРУП, Самир Мане, Главен извршен директор на БАЛФИН, премиерот Никола Груевски, Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и Стевчо Јакимовски, Градоначалник на Општина Карпош.
Официјалниот старт на неговата работа е закажан за четврток во 10:00 часот. Во текот на неколкуте дена по отворањето, ќе следат разновидни активности за сите посетители исполнети со многу музички настапи, активности за децата, перформанси, аниматори и слично.